АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на ноќта саниран е дефектот кој синоќа се случи во центарот на Битола, кај Старата автобуска станица, поради што неколку часа имаше и прекин во снабдувањето со вода во овој регион.
„Синоќа на 25/7/2022 во 22:00 часот од страна на дежурните служби на ЈКП Водовод, пријавен е дефект на паркингот кај старата автобуска станица. Се работеше на поголем дефект на азбестна цевка Ф150 мм која е со должина од 50м на таа локација, при што беше загрозена и безбедноста на возила паркирани во непосредн близина. Екипите на ЈКП Водовод експресно реагираа и истиот беше саниран и во 2 часот се воспостави нормално водоснавдување и проток на сообраќај“ соопштија од Водовод.