2win800x200

Двапати лежев во Бугарските затвори за Македонија, а сега Бугарите ќе се впишат во уставот, а Македонците од Бугарија ќе останат непризнати, вели Ѓоргиев

Август 02, 2022

Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство таму, реагираше Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија кој присуствуваше на денешната 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.

 

„Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Тодор Александров и Ванчо Михајлов не ги почитуваме. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас“, рече Ѓоргиев.

Како дете  морал да го повторува класот во гимназија зашто со една од настваничките се сакарал околу македонскиот јазик. Таа го прашала зошто не зборува на литературен бугарски, а тој ѝ одговорил дека е Македонец и зборува македонски јазик. На ова наставничката возвратила дека таков јаик не постои и ја повторил годината иако сите оцеки му биле преодни.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани