Министерот за локална самоуправа Горан Милевски објави дека од министерството се одоберни нови 4 милиони денари поддршка за Општина Битола.
-На барање на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски одобривме дополнителни 4 милиони денари за изградба на улици во старата Касарна, согласно ДУП за АРМ станбена улица 1, четврт 1 во Битола.
Средствата одобрени за реконструкција на патот до село Брусник, се во фаза на имплементација, напиша Милевски на својот ФБ профил.