АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 11.08.2022 во 17.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.,,Стрчин“ и ул.,,15 Корпус“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, управувано од О.Р.Г. (43), и мотоцикл „апачи“, управуван од А.Ј. (33), двете со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Битола.