2win800x200

Илиевски-Советниците од Поинаку се подеднакво одговорни за затнатите шахти, поплавените улици, излеаните фекалии низ Битола колку и ДПМНЕ

Август 23, 2022

Интегрален текст од изјава на Методија Илиевски, координатор на советничка група на СДСМ

Советниците од Поинаку да се соочаат со реалноста и да сфатат дека се дел од локалната власт во Битола. Да не се срамат од коалицијата со ДПМНЕ и да почнат конечно да работат за поубава Битола.

Откако заедно со ДПМНЕ донесоа хаос во градот, и до сега немаат ништо реализирано од тоа што го ветуваа, Поинаку има две можности.

Првата можност е без никакво одложување и дополнителни рокови, претседателката на Советот од Поинаку да свика седница за разрешување на членовите на Управниот и Надзорниот одбор од ЈП Нискоградба и да предложи свои членови со цел да го контролира работењето на ова јавно јавно претпријатие. Или советниците од Поинаку да го поддржат барањето на СДСМ новиот директор на Нискоградба да биде избран на јавен конкурс бидејќи се покажа дека кадровските решенија што ги договорија со ДПМНЕ се тотално промашување.

Втората можност е Поинаку да излезе од сенката на поголемиот брат ДПМНЕ и да го преземат раководењето со Нискоградба и да постават свој директор за да ги одзатнат шахтите. Исто така, да го преземат ЈП Комуналец за да ги санираат камионите да не течат. Само така ќе докажат дека и го мислат доброто на Битола и дека не работат само за личен интерес.

Од политиката на Поинаку "заедно гласаме, ама не сме коалиција", "одлучуваме, ама не сме власт", штети трпат Битола и битолчани. Советниците од Поинаку се подеднакво одговорни за затнатите шахти, поплавените улици, излеаните фекалии низ Битола колку и нивниот поголем брат ДПМНЕ. Нека не бегаат од одговорност за аминувањето на погрешните кадровски решенија и штетните политики на нив и  нивниот коалиционен партнер ДПМНЕ оти без нивната поддршка немаше да бидат изгласани програмите за работа на јавните претпријатија во Советот на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани