АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За лагите и китењето со туѓи перја гледано отстрана
Демант на изјавата на в.д. директорката на Техничкото училиште изнесена на
Комисијата за јавни дејности
На ден 14.09.2022 год. на седницата на Комисијата за јавни дејности во Советот на општина Битола в.д. директорката на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола ја искористи приликата во своето обраќање да ја изманимулира јавноста како и вработените во техничкото училиште при презентирањето на Годишниот извештај за учебната 2021/2022 година.
Имено, таа изјави дека аплицирала за проект на Регионалниот фонд за предизвици кој претходно бил започнат но сработен само 8% и со тоа се надева на 600.000 евра.
Браво! Браво за успехот на в.д. директорката!
Но, старите рекле „на лагата и се кратки нозете“ па ајде да зборуваме со јазикот на вистината, бидејќи пред вистината и боговите молчат.
Проектот за учество на Регионалниот фонд за предизвици на Западаен Балкан го започна тогашниот директор на техничкото училиште Владимир Роме. Тимот со кој работеше беше мал но ефикасен во чиј состав покрај него беа пом. директорот Тони Панов и проф. по англиски јазик Жаклина Ѓерасимовска. Апликацијата беше целосно пополнета што значи изработена 100% и како таква беше прифатена од системот за електронска апликација на Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан.
Дека е тоа така јасно се гледа од фактот што Регионалниот фонд за предизвици јавно ја објави листата на училишта кои успешно аплицираа, а меѓу кои беше и СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ - Битола.
Од интерес на јавноста е да се знае дека крајниот рок за поднесување на апликацијата беше 14.04.2022 год.
Овде, сосема логично се поставува прашањето: „Како в.д. директорката аплицирала до Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан во април 2022 год., а е назначена за в.д. директорка во јули 2022 год.?“.
Од писмото за подршка кое е доставено во прилог, јасно се гледа дека градоначалникот Тони Коњановски истото го потпишал на 11.04.2022 год.
Таа изјавува дека на функција в.д. директор е само два месеци но ете и покрај тоа успеала да ја поднеси апликацијата до Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан.
Но, да им отстапиме простор на фактите за да им ставиме крај на лагите.
Еве што покажува самата апликација од која јасно се гледа кој истата ја поднел и под кој број е заведена. Овој податок се генерира автоматски во футерот на секоја страна од апликацијата и истиот неможе да биде променет ниту модифициран.
VLADIMIR ROME
RCF2EOI200099
За нештата да станат појасни, а во име на вистината, на ден 01.07.2022 год. на порталот „АПЛА“ беше објавен прилог со наслов „Техничкото училиште влезе во втората фаза од Регионалниот фонд на предизвици за Западен Балкан“ каде што е пренесена изјавата на директорот Владимир Роме за успехот кој е постигнат со тоа што училиштето влезе во потесниот избор на 47 прифатени апликации од вкупно 123 поднесени од шест земји од Западен Балкан Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија.
Покрај овa, тогашниот директор Владимир Роме информацијата за успешно предадената апликација ја сподели и со Наставничкиот совет на ден 01.07.2022 год. што лесно можи да се провери во Записникот направен притоа.
На овој Наставнички совет беше присутна и сегашната в.д. директорка што значи точно знаела кој, како и кога ја поднел апликацијата до Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан, а сепак апликацијата си ја припиша за своја.
Ако се погледни наведеното во Годишниот извештај на стр.9 поднесен до Советот на општина Битола може да се види:
12. ОБЈЕКТ
Јасно се гледа дека изминатиот период се извршени многу инфраструктурни зафати и активности за модернизација на нагледните средства, а таа во своето излагање спомна едвај неколку.
Таа немаше доблест да ги спомене новите спортски терени кои се најмодерни во градот, оградени и единствени кои се опремени за ноќно спортување и мека тартан подлога.
Премолчи и за комплетно заменетото осветлување во училиштето со ЛЕД светилки што само по себе значи енергетски ефикасно училиште во однос на електричната енергија како и за многу други позитивни промени во училиштето.
Зошто?
Затоа што безмалку сè од наведеното е направено во мандатот на претходниот директор на техничкото училиште Владимир Роме кој скоро пет години ја извршуваше оваа функција и успеа да обезбеди инвестиции од преку 600.000 евра од странски донации, од локалната самоуправа и Министерството за образование и наука и просто кажано му го смени ликот на училиштето и направи капитални инфраструктурни зафати за првпат после 35 години од кога постои училиштето во сегашниот објект.
Со сè што е направено во училиштето беше запознат и заменик градоначалникот на општина Битола, г-динот Бојан Бојковски кој при посетата на техничкото училиште на 07.05.2022 год. како претставник на општината заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и неговата делегација не го криеше задоволството од направено во училиштето во изминатите пет години и при тоа му изрази јавно признание на директорот Владимир Роме за постигнатото.
Она што остана да се направи е нова енергетски ефикасна фасада со што училиштето ќе биде во целост енергетски ефикасен објект, а договорот за овој проект на 12.07.2021 год. го потпишаа претставници на Министерството за образование за наука, градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска и директорот на техничкото училиште Владимир Роме.
За тоа што е направено во училиштето во изминатите пет години сведоци се поранешни и сегашни ученици, вработените, родителите, посетители во училиштето, граѓаните кои секојдневно минуваат низ училишниот двор, колеги од други училишта од градот и државата, соработниците и деловните партнери.
Вистината е толку видлива што не постои лага што можи да ја сокрие.
Во интерес на вистината нека сведочат следните фотографии за тоа кој, кога и што направил за училиштето во случај некој повторно да сака да се кити со туѓи перја.
За крај, нешто по битолски
Облекваш туѓо палто и си велиш - бооо шубо ќе беше да е моеее, шубо ќе ме личеше.
Ама не ти стои, бе брат, ти паѓат рамејнците, а палтото ти стои ко на креместаре.
Да беше тро поголем можи и ќе излажеше некој, вака џабе се резилиш.
И сите да мислат дека е твое, ти, брат, знајш дека е туѓо.
Ај брат, убав да ти е дено и со здравје да си го носиш...палтото.
Автор на демантот,
Владимир Роме
наставник по стручни предмети во СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ - Битола