2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нa денешене ден во село Лавци е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро

Јуни 22, 2018

Нa  денешене ден, 22 јуни во 1943 година, во село Лавци, Битолско е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден бил во селото Лавци на 15 јули 1923 г. Потекнувал од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното комунистичко движење што го имало опфатено селото Лавци, не го заобиколило и него. Од самиот почеток на антиокупаторската борба активно ја помагал.

Веќе на 25 ноември 1942 г., се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а подоцна и во одредот „Јане Сандански“.

На 22 јуни 1943 г., кога селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани