2win800x200

Трансформаторот за третиот блок на РЕК треба да стигне до 15 октомври од Турција , рече премиерот Ковачевски

Октомври 08, 2022

Имаме многу јасен план за производство на електрична енергија во државата, во РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино веќе работи на еден котел, три недели сите експерти во државата работат на пуштање на вториот котел за производство на електрична енергија, обезбедени се до сега количини коишто се потребни за јаглен и за мазут, за производство и во РЕК Битола и за мазут во ТЕЦ Неготино и за Осломеј. До сега немаше, во план не е да има рестрикции и се надевам дека условите со снабдување со електрична енергија во Европа ќе овозможат да немаме рестрикции во текот на целиот четврти квартал оваа година и првиот квартал идната година. Се работи на ремонт на вториот блок на РЕК Битола и дека на 15 октомври ќе пристигне трансформаторот од Турција кој што лани изгоре, за да се стави во функција и третиот блок", изјави премиерот Димитар Ковачевски за ТВ 21. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани