2win800x200

Украдени делови од машини на РЕК Битола, приведни три лица

Октомври 15, 2022

Вчера во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со М.К.(19), С.А.(19) и Д.К.(21), сите од Битола, информираат од МВР.

Како што соопштуваат од МВР, тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК-Битола, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани