Комплетна обнова на улицата „Наум Наумовски Борче“ во должина од 373 метри
Октомври 15, 2022
Завршува реализацијата на уште еден проект кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура во општина Битола.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на работните активности на улицата „Наум Наумовски Борче“, каде во тек беше асфалтирањето на улицата. Реконструктивните зафати на оваа улица се реализираат во должина од 373 метри.