2win800x200

Започна 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“

Октомври 29, 2022

Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа беше отворено 30 издание на Интернационалниот  фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека, годинава публиката ќе има можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции.,

May be an image of 5 people and people standing

„Натреварувачкиот карактер на овој фестивал според мене е чисто  од мотивациски аспект бијдеќи сите прикажани филмови ќе бидат победници, зашто сите ќе ја кажат својата приказна и ќе ја пренесат својата порака до публиката, онаа за која биле наменети.

May be an image of 8 people, people standing and indoor

Богатата филмска понуда на овој веќе традиционален културен настан ќе ги почести љубителите на филмската продукција и ќе им даде можностда ја збогатат својата филмска ризница, тука во Битола ќе имаат можност да сведочат на светска култура која што ќе ги обиколи и другите филмски сцени низ Европа и Светот.

Фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300 во чест на прославата на 4 ноември - Денот на ослободувањето на Битола е симболичен, но и силен културен импулс не само на културната сцена во нашиот град туку и пошироко во рамки на државата и надвор од нејзините граници“, рече заменик градоначалникот Бојкоски.

Жири комисијата на фестивалот, одлучинајвисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, да ја додели на филмот „Охридските хотели - Хотел Радиќ“, на авторот Љупчо Паунковски.

May be an image of 2 people and indoor

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Гунтер Симерл од Словенија, за филмот „Инсекти во градината“.

Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Лифтот на Бродот Андертон“ на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија, а „Сребрената камера 300“ за филмот „Чекори низ дрвената катедрала буковина“ на авторите Михаил Герасим и Едуард Григорас од Романија.

„Бронзена камера 300“ доби фимот „Водици“ од авторот Диме Талевски.

Златниот медал на УНИКА е за филмот „Трпејца“ од авторот Томе Љушев.

Исто така, беа доделени плакети за монтажа, идеја и репортажа, како и специјални плакети.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат, луѓе кои свират на музички инструменти и внатре

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани