Ликовна изложба на Татјана Манева-18 ноември во 19 часот во ДЛУБ

Ноември 15, 2022
Ликовна изложба на Татјана Манева ќе биде отворена во Ликовен салон на ДЛУБ на 18 ноември во 19 часот, организирана од Друштво на ликовни уметници Битола. На изложбата ќе бидат претставени 15 уметнички дела, изработени во период 2021/2022 година. Татјана Манева е награден автор на минатогодишната Ноемвриска изложба. Татјана Манева е родена 1978 година во Битола. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и на ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници на Битола).
Во 2002 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек графика, а во 2004 година магистрира на истиот факултет. САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: 2002 - „Знаковни метаморфози”, Уметничка галерија, Битола 2004 - „Писма, знаци, симболи”, Салон на ДЛУМ, Скопје 2005 - „Ne lisez pas”-, Cite des arts , Париз, Франција 2005 - „Butterfield 12”, Блу кафе , Скопје 2005 - „Butterfield 12”, Салон на ДЛУБ , Битола 2006 - „Везилка”, Центар за култура , Гостивар 2006 - „Везилка”, Уметничка галерија , Штип 2006 - „Везилка”, Национална галерија - Чифте амам, Скопје 2007 - „Париски слики”, Национална галерија - Мала станица, Скопје 2007 - „Митологијада”, Музеј на град Скопје 2008 - „Кинески зодијак “ , Културно - информативен центар – Скопје 2009 - „Митологијада”, Галерија Арт, Подгорица, Црна Гора 2009 - „Митологијада”, Галерија Тиват, Црна Гора 2009 - „Spiritual gold“ , Прима центар , Берлин, Германија 2010 - „Етно - графика” , Отворено графичко студио, Скопје 2011 - „Четири годишни времиња” , МОБ, Скопје 2011 - „Четири годишни времиња” , Санта Марија, Будва , Црна Гора 2012 - „Неоткриен свет” , Даут Пашин Амам, Скопје 2013 - „Градот и природата1“ , Културно- информативен центар, Скопје 2014 - „Градот и природата1“, Win Win Gallery – Амстердам, Холандија 2014 - „Градот и природата 2“, Македонски центар, Њујорк, САД 2014 - „Кинески зодијак “ , Галерија Магаза, Битола 2014 - Artist residency Zhangjiajie, НР Кинa 2015 - „Остров“, МКЦ, Скопје2016 - „Остров 2“, Боом, Хонг Конг, НР Кина 2016 - „Остров 2“, Ka Kee Gallery Of Objects – Хонг Конг, НР Кинa 2017 - Artist residency Tao Hua Tan, НР Кинa 2019 - „Дрво на животот 1“, НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово 2020 - „Дрво на животот 2“, КИЦ, Скопје“ Награди: 2006 - Откупна награда, Интернационално графичко биенале, Сеул, Ј. Кореја 2009 - Награда за млад автор, Интернационално графичко триенале, Битола 2010 - Награда за млад автор, Светска галерија на уметноста на хартија - цртеж, Скопје 2011 - Почесна награда, Интернационално графичко биенале “Барат Баван”, Индија 2012 - Рамноправна награда, Интернационално графичко триенале, Битола 2021 - Награда 4-ти ноември, ДЛУБ, Битола Изложбата е поддржана од Општина Битола и истата ќе биде поставена до 28 ноември.
Нема достапен опис
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани