2win800x200

Се подготвува проектот за изградба на првата фотонапонска централа „Битола 1“ , ќе се гради со финансиска поддршка од ЕБРД

Ноември 20, 2022

Генралниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот за енергетика во Европа од ЕБРД, Грегош Зеленски ја посетија фотонапонската електроцентрала ,,Осломеј- 1” од 10 MW во Кичево, чија изградба беше финансирана со поволна кредитна линија од ЕБРД и која е веќе функционална.

Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со финансиска поддршка на зелената агенда на АД ЕСМ. Со поволни финансиски услови ќе се влезе во изградба и на два други проекти, кои се веќе во фаза на подготовка, а тоа се фотонапонска електроцентрала ,,Осломеј-2” со инсталирана моќност исто така од 10 MW и фотонапонска електроцентрала ,,Битола-1” од 20 MW.

 316045700 673323534415998 965766032985384945 n

Овие три електрани ќе бидат доволни за снабдување со електрична енергија на околу 10.000 домаќинства.

При посетата, директорот од ЕБРД, Грегош Зеленски порача дека е многу важна транзицијата на зелена енергија низ земјите од Европа, особено во земјите од западен Балкан кои се зависни од фосилни горива.

315530419 2294249960742226 6457689252880509642 n

„Апсолутно задоволство е да се види завршената изградба на соларните панели. Ова е најдобар пример како ЕБРД во соработка со нашите бизнис партнери може да испорача транзиција на зелена енергија, во овој контекст ЕСМ може да смета на нашата континуирана поддршка“ - изјави Зеленски.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски се заблагодари на ЕБРД за соработката во рамките на зелената аенда.

,,Ние сме насочени кон изградба на нови сончеви електрани и ни значи целокупната поддршка која континуирано ја добиваме од нашите партнери како енергетска компанија ориентирана кон инвестиции во обновливи извори и спроведување на енергетската транзиција, за што сме препознати како пример од страна на Енергетската Заедница”-изјави директорот Ковачевски.

315997303 881300799706040 5898284717167117215 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани