АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кретивна презентација на ликот и делото на Karl May направија ученици од ПОУ „Даме Груев“ и ПОУ „Тодор Ангелевски“ заедно со наставничката по германски јазик Симеона Павловска. Повод за настанот беше јубилејната година од E. T. A. Hoffmann, Friedrich I. Barbarossa, Annette von Droste-Hülshoff, Karl May и Robert Bosch во организација на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.
Учениците предводени од наставничката Павловска беа дел од 85 ученици кои се солидни во изучувањето на германскиот јазик и кои преку своите училишта зедоа учество во активностите за одбележување на значајни личности од Германија настан организиран од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.
Во настанот учествуваа основните училиште „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Тодор Ангелевски“, „Трифун Пановски“ и „Даме Груев“, а од средните училишта гимназијата „Јосип Броз –Тито“.