Кои се ризиците од употреба на петарди, полицијата им укажува на младите

Декември 24, 2022

Денеска полициски службеници од полициската станица Битола, во централното градско подрачје во Битола, спроведоа превентивни активности за заштита на населението од употреба на пиротехнички средства, при што во фокусот на вниманието беше младата популација.

 

Полициските службеници ги запознаа младите за законските одредби поврзани со употребата на петарди и друга пиротехника, а посебно им беше обрнато внимание за ризиците при користење на петарди и можните штетите по животот и здравјето.

 

3453 Исто така, низ центарот на Битола полициските службеници разговараа со повозрасната популација во делот на самозаштита од измами, кражби и разбојништва.

4313

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани