АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заканите од поставени бомби во основните училишта ги пресели новогодишните приредби на првачињата во дворовите. Откако утрово училиштето "Тодор Ангелевски" беше евакуирано поради дојава дека има бомба, една од учителките, Оливера Клочоска, од подрачното училиште во Горно Оризари, одлучи приредбата сепак да се одржи, но, во дворот на една од ученичките.
На голема радост на учениците, наставничката и родителите, кои се подготвуваа цел месец, училишната приредба се одржа, а сите заедно се потрудија да се направи и новогодишен амбиент, а децата ги посети и Дедо Мраз.
Денес дојави за бомби на нивните електронски адреси добија две исновни училишта во Битола, "Стив Наумов" и "Тодор Ангелевски". Следеше евакуација на учениците и наставниците, а, наставата беше прекината. Полициските екипи за антитероризам извршија проверка, по што се утврди дека дојавите се лажни