АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поп-рок хорот „Битвокс“ синоќа имаше одличен настап на платото пред Офицерски дом како дел од „Зимска приказна“.
И покрај студеното време, хористите успеаја да ја загреат атмосферата и да ги развеселат битолчани со различни македонски и странски поп-рок хитови. Под диригентската палка на Марина Коруновска, заедно со Александра Ристовска и Михало Трајковски, хористите имаа одличен настап, покажувајќи дека се нешто ново што навистина ѝ недостасуваше на Битола.