2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Срамните содржини на интернет и медиумите се поопасни дури и од наркоманијата, вели владиката Петар во Божикното послание

Јануари 07, 2023

Во Божикното послание, митрополитот Преспанско Пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, се осврна меѓудругото и на современиот начин на живот, посочувајќи дека иако се градат цркви, повеќе се посетени  некои содржини на интернет и во медиумите, кои  се поопасни дури и од наркоманијата.

-Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови итн. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна  православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите, вели г. Петар во Божикното послание

Тој посочува дека некои заедници и организации ги исмебаат религиозните, а најмногу православните Христијани со што не ги почитуваат различните од нив.

-Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат (читај наметнуваат) свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, вели г. Петар.

Тој се осврнува и на трендот за разубавување на мажите и жените со хируршки интервенции.

-Друго, денес исто така е модерно да се обрнува особено внимание и грижа на физичкиот изглед на човекот. Најчесто женскиот пол, а не ретко и мажите, прават разни хируршко естетски зафати – операции на своето тело, не од реална, здравствена потреба, туку единствено за разубавување, кое често завршува и со унакажување. А, пак, оние кои водат грижа за разубавување на душата, кои со духовен хируршки зафат, односно преку покајание и исповед ги отстрануваат недостатоците од своето срце, тие се сметаат за прости и заостанати. Трето, модерно е, а било и од многу порано, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, и се случуваат разни неморални и богонеугодни дела, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, тие се сметаат за примитивни и заостанати, посочува владиката Петар меѓудругото во Божикното послание. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани