По потпишувањето на договорот за „Набавка на интегриран систем ГИС систем и систем за електронски постапки“, со кој општина Битола целосно ќе го дигитализира и модернизира процесот на работа, денес започнаа првите работни активности за неговото спроведување.
Претставниците на компанијата „Интелегент нетворк солушн ДОО Скопје“, заедно со дел од вработените, веќе ги започнаа активностите, кои во наредниот
период, ќе се одвиваат според зададената динамика согласно техничките спецификации.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, високо во приоритетите за квалитетна работа на општината ја позиционираше дигитализацијата на услугите, со која ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на општинската администрација.