Исполнет е заветот на плодниот писател од Битола, Радован П. Цветковски (1931-2022) и целата негова архива и творечки опус е предаден од страна на неговиот внук во Државниот архив - Одделение Битола.
,,Ова е материјал од големо значење за нашиот Архив, што содржи книги, оригинални ракописи и аудио-снимки за културниот живот, народните приказни, преданија и за обичаите на населението во Битола и Демир Хисар и од други помали места, што ќе го средат наши архивисти и ќе се чува во нашето депо”, изјави раководителот на Државниот архив - Одделение Битола, Гоце Стојановски.
Радован П. Цветковски е
македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е во
Сопотница,
Демирхисарско. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од
Битола. Член е на
Друштвото на писатели на Македонија, на
Македонското научно друштво - Битола и на
Друштвото на фолклористите на Македонија. Исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници:
„Современост“,
„Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.
[2]
Починал во 2022 година по кратко боледување