2win800x200

ООУ„Гоце Делчев“ Битола со голем хуманитарен базар за помош на младиот Никола Ѓорѓиев од с.Црешево кој боледува од рак

Април 10, 2023

 

Пред најголемиот христијански празник Велигден, наставниците и учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Битола организираат голем хуманитарен базар со една цел собраните средстава да бидат донирани за младиот Никола Ѓорѓиев од с.Црешево кој боледува од рак на коските и потребни му се средства за негово лекување, потврдува наставничката Марија Арсиќ.  

 

-Ве покануваме на големиот хуманитарен училишен базар!

Да бидеме хумани,да другаруваме и да го славиме доаѓањето на најголемиот Христијански празник Велигден заедно со учениците и наставниците од ООУ.„Гоце Делчев“-Битола! Овој хуманитарен базар во нашето училиште кој е во духот на престојниот празник Велигден има повеќе цели: -Пред сe, да ја поттикне хуманоста и емпатијата кај учениците,родителите и наставниците,да им ја поттикне и развие креативноста и тимската работа и меѓусебна соработка,да се зачува традицијата на празнувањето на најголемиот Христијански празник Велигден. Собраните средства од овој хуманитарен базар ќе бидат донирани за помош на младиот Никола Ѓорѓиев од с.Црешево кој боледува од рак на коските и потребни му се средства за негово понатамошно лекување, повикуваат од ООУ „Гоце Делчев“ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани