2win800x200

СДСМ Битола бара градоначалникот Коњановски да одговори за ревизорските наоди за Водовод

Април 26, 2023

 

Интегрално соопштение на СДСМ Битола 

Според конечниот ревизорски извештај, изработен од внатрешниот ревизор на Општина Битола, а кој се однесува на работењето на Јавното претпријатие Водовод Битола, беа констатирани неправилности во работењето на актуелниот директор, Пеце Милевски.

На седница на Совет на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски информира дека го доставил извештајот до надлежните институции за прогон, но јавноста сеуште нема информации што понатаму.

Нејасно е и дали ревизорските наоди за Водовод се една од причините за кавгите помеѓу коалиционите партнери ДПМНЕ и Поинаку, односно претседателката на Советот, Габриела Илиевски и градоначалникот Тони Коњановски.  

Бараме градоначалникот Коњановски да одговори:

1. Кои се институциите до кои го испратил ревизорскиот извештај за Водовод и дали има реакција од истите?

2. Зошто на официјалната страница на Општина Битола не е објавен ревизорскиот извештај за Водовод како што беа објавени извештаите за училиштата и кошаркарскиот клуб Пелистер?

3. Што крие Коњановски од јавноста, нели сме ,,најтранспарентна општина’’?

Доколку Коњановски остане нем и на овие прашања, уште еднаш ќе ја потврди својата вмешаност во криминалот на директорите на ДПМНЕ што тој ги назначи! Против директорот на Водовод и лидер на ОК на ВМРО – ДПМНЕ веќе се поднесени две кривични пријави за злоупотреби на службената положба. Време е градоначалникот Коњановски да престане да изгрува негов адвокат и да побара одговорност и од него и од сите останати директори кои работат на штета на општината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани