АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, активно работи на подготовка на потребната документација за велосипедски патеки. Доколку, во предвидениот рок се завршат сите постапки, отпочнувањето на активностите на терен, се очекува оваа градежна сезона.
Во досегашниот период изработен е Основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централното градско подрчје, кој е одобрен од СВР Битола. Во моментот во тек е изработка на Проектна документација за реализација на основен проект за две улици „Васко Карангелевски“ и улица „Партизанска“ – реконструкција на постоечки тротоари, по што ќе следува и обележување на велосипедски патеки, согласно одобрениот сообраќаен проект.
Со предвидените активности оваа градежна сезона ќе се заврши првата фаза од проектот, додека неговата целосна реализација ќе овозможи растеретување на сообраќајот во централното градско јадро, како и непречено движење со велосипед по велосипедски патеки од периферијата до центарот, што претставува долгогодишно барање на битолчани, но и потреба на Битола, соопштија од Општината.