2win800x200

Стаматова-СВР Битола бележи помалку извршени тешки кражби годинава во споредба со лани

Мај 18, 2023

Секторот за внатрешни работи Битола за првите четири месеци од  2023 според извештаите и во евиденциите на СВР Битола бележи намалување во делот на извршените тешки кражби, тешки кражби во обид, кражби, кражби во обид, разбојништва во обид  и разбојништвата. Намалување на кривичните дела се однесува и за подрачјето на Битола, каде споредбено со минатата 2022 година се бележи драстичен  пад во делот на извршените кражби, тешки кражби и разбојништва. Ова се должи на низата преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција, постојаното присуство на полициски службеници на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за намалување на бројката на извршени кривични дела, со тенденција намалувањето да продолжи и во периодот што следи.

Кривичните дела тешки кражби, во првите четири месеци од оваа 2023 година во СВР Битола бележат намалување во однос на минатата 2022 година. Во СВР Битола во овие четири месеци евидентирани се вкупно 268 кривични дела тешки кражби, во споредба со 493 за истиот период минатата година, од кои 96 годинава се на подрачјето на Битола, а нивниот број лани изнесувал 280. Во споредба со лани, годинава намалување бележи и бројот на тешки кражби во обид, така што оваа 2023 во евиденциите на СВР Битола заведени се вкупно 40 тешки кражби во обид од кои 12 на подрачјето на Битола, додека во истиот период минатата година, таа бројка била вкупно 113 извршени кривични дела тешка кражба во обид за цел сектор, а само во Битола 67 кривични дела тешка кражба во обид.

Во делот на кривичните дела кражби за четирите месеци од 2023 година статистиката на СВР Битола бележи намалување на бројките споредбено со минатата 2022 година. Односно во 2023 година вкупно пријавени се 60 кражби, од кои 24 на подрачје на Битола, за разлика од истиот период 2022, кога биле пријавени 93 кражби,  од кои само во Битола 45.

Во делот на имотни деликти со елементи на насилство, разбојништвата се кривични

дела кои според начинот и употребата на насилство при нивното извршување се едни од

најтешките во оваа област. Оваа година бројот на разбојништвата на подрачјето на СВР Битола бележи намалување и тоа во овие четири месеци од 2023 година на подрачјето на Битола извршени се  5 разбојништва и сите се експресно расчистени при што се поднесени и кривични пријави.

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно Обвинителство има поднесено 33 кривични пријави по член 235 (кражба), споредбено со 2022 кога биле поднесени 8 кривични пријави. Поднесени се 69 кривични пријави по член 236 (тешка кражба) споредбено со 2022 кога биле поднесени 49. Годинава се поднесени и 7 кривични пријави по член 237 (разбојништво) споредбено со минатата 2022 кога нема поднесено кривична пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани