АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овој викенд во Битола ќе се одржи 9-тиот турнир во фудбал „Јованчо Димовски-Начко“. Турнирот го организира Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола. Во Битола доаѓаат членови на фудбалскиот клуб „Враниќ“ општина Барајево, близу Белград. Турнирот ќе го одбележат два натпревари во мал фудбал меѓу ветераните на двете екипи, а вториот меѓу сениорите.
-Нашето здружение активно работи 9 години, а беше формирано по повод прераната смрт на нашиот другар Јованчо Димовски-Начко, сестран спортист и хуманист кој го сакаше фудбалот и играше мал и голем фудбал.
Во негова чест како здружение ги проширивме нашите пријателства со екипа од соседна Србија и сакаме да испратиме порака за пријателство, толеранција и меѓусебно почитување на Македонците и Србите како соседни и братски народи. Очекуваме добар тек на турнирот, фер игра и се надеваме на пријатни моменти со нашите гости, вели Горан Шундовски претседател на здружението ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола.