2win800x200

Успешна реализација на турнирот во фудбал во чест на Јованчо Димовски-Начко

Јуни 11, 2023

Успешно е реализиран  меморијалниот турнир во фудбал што по деветти пат, во изминатите два дена се одвиваше во Битола, во чест на прерарно починатиот Јованчо Димовски-Начко, наш сограѓанин, сестран спортист и хуманист кој прерано си замина од овој свет. 

Во спортската сал „Боро Чурлевски“ вечера во Битола се одиграа два натпревари во мал фудбал меѓу екипите на Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола и членови на фудбалскиот клуб „Враниќ“ општина Барајево, близу Белград.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Присутните, натпреварите ги оценија како успешни, така што кај ветераните поуспешни беа гостите од Србија, додека во дуелот меѓу сениорите доминираа домаќините. Претседателот на битолското здружение Горан Шундовски истакна дека задоволството е големо и од двете страни, а уште поголема е честа да се биде домаќин на екипа која знае да ги почитува пријателството, добрососедските односи  и љубовта кон спортот и фудбалот.  

-Ова е многу важен турнир за сите нас, затоа што не поврзува токму спортот, фудбалот и секако што е особено значајно за нас споменот за нашиот сограѓанин Јованчо. Нашиот другар и пријател за чии лик и дело уште долго ќе се сеќаваме. Всушност тоа е и целата на овој наш меморијален турнир да зборуваме за нашите заеднички спомени и да ги пренесиме сеќавањата за прерано починатиот Јованчо кој беше исклучителен спорт со особена наклонетост кон фудбалот. Во спортската сала во Битола нашиот Начко одигра бројни натпревари во мал фудбал и натпреварувачки и рекреативни, освојувајќи градски турнири. Начко играше со нашите сограѓани, фудбалери, Митко, Тони Капино...Сакаме со една ваква реализација на меморијалниот турнир и годинава да испратиме порака за пријателство, мир и толернација меѓу сите народи оваде на Балканот, рече Шундовски. 

Нема достапен опис.

Горан Трисиќ, претседател на фудбалскиот клуб „Враниќ“ општина Барајево, искажувајќи бројни пофални за организаторот рече дека Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ само ја потврди македонската гостопримливост, особено што во Битола допатуваа 28 членови на српскиот клуб. Воодушевени од убавината на нашиот град, Трисиќ напомена дека  соработката меѓу двете екипи ќе продолжи, ќе се надоградува и продлабочува. 

Меморијалниот турнир исто како и во изминатите годинии годинава беше со беспрекорна организација, а дружењето меѓу екипите од двете држави заврши со заедничка свечена вечера во ресторанот „Корзо“ во Битола, на задоволство на присутните. Гостите од Србија денска отпатуваа за дома. 

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани