АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 12.06.2023 во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на пахот кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.