2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во некои маала се уште има детски џагор

Јули 22, 2018

Комплексот згради „Стара болница“ е едно од ретките маала во Битола  каде се уште може да се слушне детски џагор.

Децата кои живеат тука може да се видат како играат фудбал или други игри пред зградите, што е вистинска реткост во денешно време. 

Игрите во групи комплетно се заменети со современите технолошки направи-компјутери, таблети, мобилни телефони, децата најчесто се затворени дома, комуницираат виртулено, играат компјутерски игри, гледаат цртани филмови, но и други содржини кои не се наменети за нивна возраст. 

Експертите се почесто предупредуваат дека ова негативно влијае на развојот на детето и на неговата социјализација.

Децата од комплексот згради „Стара болница“, ја враќаат надежта дека можеби повторно ќе се врати детскиот џагор на улиците и дворовите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани