2win800x200

13 -то издание на НЕЗАБОРАВ 2023 - Битола, во среда на 5 јули

Јуни 30, 2023
Во рамките на БИТФЕСТ 2023, во среда 5-ти јули, во Центарот за култура - Битола
ќе се одржи традиционалната манифестација НЕЗАБОРАВ 2023 по 13-ти пат.
Годинешниот НЕЗАБОРАВ е посветен на Фестивалот на забавни мелодии со фолк мотиви
што во Битола се одржуваше од 1992-1996.
На концертот во живо ќе настапат исклучиво битолски музичари и пеачи со песни од
битолски автори.
Досега НЕЗАБОРАВ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски,
Љупчо Спасеновски (Буба Мара) Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков,
групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски - Бојс, и
песни за Битола - прв и втор дел.
Манифестацијата е комплетно финансирана од Општина Битола во рамките на БИТФЕСТ.
Автор на проектот: Панде Димитровски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани