АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не е тешко да се демантира ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тие секогаш кога се во тесно, измислуваат лаги, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на денешната прес конференција во Битола. ЕЛЕМ нема да се продава, а Владата ќе инвестира во сите капитални објкети.
-Кога ги објавивме аудио снимките со наводите за криминал од страна на ВМРО ДПМНЕ, тие веднаш ја измислија лагата за жолтите комбиња и базните станици. Кога излеговме со концептот за едно општество за сите наши граѓани во Република Македонија, тие излегоа со лагата за федерализација и кантонизација. Кога пред еден месец увидоа дека катастрофално ќе ги изгубат локааните избори, излегоа со лагата за бегалците и мигрантите кои што никој не знае каде се, сите ги бараме. Сега, пак, се безидејни и гледаат дека ќе ги загубат овие избори, излегуваат со лага дека СДСМ ќе продава капитални објекти, во доминатна сопсвеност ан РМ. Не само што ниту еден нема да се продаде, туку ќе се инвестира во овие капитални објекти, за доброт на граѓаните на РМ и битолчани, рече Кирацовски.
Деновиве, ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференции тврди дека Владата на СДСМ се подготвува за продажба на државните електрани, бизнис тежок 2 милјарди евра, а ветувањата за намалување на загадувањет од РЕК Битола, се само купување на време за продажаба на најпрофитабилниот монопол во Македонија ЕЛЕМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Продажбата на ЕЛЕМ – значи продажба на РЕК, сосе термоелектраните и рудниците, со хотелот Молика, скијачката патека на Пелистер, па дури и на Копанки во пакет сосе готовиот проект на ЕЛЕМ за негова за реконструкција. Дали, ветувајќи чист воздух, филтри и отпепелување, за да добие на време, Зоран Заев им работи зад грбот на Битолчани и безобразно си поигрува со судбината и со лебот на илјадници вработени во РЕК, праша Благој Шаклевски на прес конференција пред неколку дена.