АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мониторингот на природното наследство врши Јавната установа Национален парк Пелистер Битола.
Установата соработува со фондови, невладини организации, факултети, училишта и други организации кои имаат добар предлог за заштита на биолошката разновидност, спроведуваат научни истражувања, одржуваат обука и едукација на вработените и локалното население.
Клучно место зазема Фондот за заштита на природата во Преспа Охрид – ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) кој е прекуграничен фонд за зачувување, посветен на зачувување на богатото природно наследство на планинските прекугранични заштитени подрачја на Грција, Албанија и Северна Македонија и нивните зачувани области за поврзување. Со цел обезбедување ефективна долгорочна финансиска поддршка на парковите и организациите вклучени во зачувувањето на регионот.
Мониторингот и едукацијата се вршат од страна на проектниот менаџер Виолета Сотировска, мониторинг експертот Елена Џима - Терзиевска во соработка со ренџерите од Н.П.Пелистер.
Еколошка едукација
-Јавната установа Национален парк Пелистер е посветена на унапредување на природните и културните вредности на заштитените подрачја, на нивната промоција и поддршка, како и примена на добри пракси на одржлив развој и управување.
Со примарното образование имаме воспоставено соработка во делот на еколошка едукација и подигање на јавната свест за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа и во таа насока продолжуваме понатаму.
Организираме заеднички активности во рамките на еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, кои се посветени на значењето на загрозениот и незаменлив биодиверзитет. Паркот Пелистер е вистинско место за учениците да стекнат вештини во решавање на проблеми, критично рамислување и тимска работа кои им се потребни да се поврзат со природата, велат од НП Пелистер Битола.
Проекти поврзани со фондацијата ПОНТ
Со кофинансирање од ПОНТ се покриваат дел од оперативните трошоци поврзани со имплементацијата на новиот План за управување за Националниот парк. Целите и резултатите на проектот Оперативен план 2021-2023 се изведени од Планот за управување.. Се очекува систематска и постепена транзиција од профитно ориентирано кон управување со шумарство водено од зачувување што ќе бара длабоки промени во моделот за финансирање на зачувувањето на Јавната установа Национален парк Пелистер и развој на нови вештини и капацитети за достигнување целите на управување утврдени во новиот План за управување, со фокус на мониторинг на биолошката разновидност и едукацијата за животната средина.
Јавната установа Национален парк Пелистер развива нови вештини и капацитети за достигнување целите на управување утврдени во новиот План за управување, со фокус на мониторингот на биолошката разновидност, едукацијата за животната средина и управувањето со посетителите.
Дел од програмите кои се обработуваат во проектот се следните:
1. Конзервација и мониторинг на природното наследство
2. Еколошка едукација и подигање на јавна свест
Мониторингот на природното наследство е моќна алатка за утврдување и документирање на промените во природата. Некои од промените се природни, а некои се од антропогено потекло. Сепак при управувањето со подрачјата и видовите може да се види поврзаноста помеѓу активностите на управувањето и резултатите од мониторингот. Тие можат да дадат корисни податоци за понатамошниот тек на активносите за креирање на политиката за заштита и управување со природното наследство. При планирањето на националните профрами за мониторинг, клучен акцент се става на видовите и живеалиштата од национално значење и ЕУ интерес.
Со користење на Упатството за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониротинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија т.е листите за видови и образците за живеалиштата за спроведување на мониторинг активности ќе се овозможи унифицирање на податоците кои се собираат од сите научно истражувачки активности и проекти за природното наследство. Со тоа ќе се олесни и унифицира електронскиот внес на овие податоци во Националниот информатицен систем за природа кој се управува од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање и ќе се овозможи нивна поефикасна обработка и дисеминација со засегнатите страни како и подготовка на извештаи.
Во Националниот парк Пелистер се вршат следните мониторинзи:
Видови за мониторинг
1. Alchemilla peristerica ( Пелистерски росник ) е локален македонски флористички
ендемит од фам. Rosaceae (розоцветни). Се развива на влажни места, во
подножјето на Пелистер (с. Ротино, с. Кажани и с. Цапари).Повеќегодишно
растение кое се одликува со 30 до 45см , долго и исправено стебло,се јавува на
влажни места на надморска височина до 1600м.
2. Lilium albanicum ( Албански крин) ) се среќава на Балканот, и во Р. Северна
Македонија, бојата и цветовите може да варираат од жолта,портокалова до
црвена на ист локалитет.Во Н.П.П најчесто цветот е со жолта боја.
3. Gentiana punctata ( Точкестата линцура) , забележан гентијан, е најмалку
загрижувачки тревни видови на цветни растенија во семејството Gentianaceae.
Расте во Централна и Југоисточна Европа на надморска височина од 1.500-22.600
метри. Висина е 20-60 см.
Целта на следењето , да се следи начинот на секојдневно активно живеење на поединците и нивната линија на движење во заштитеното подрачје, со што се овозможува нејзина заштита и соживот во екосистемот.
Мониторингот на крупните месојади (кафеава мечка, волк и рис ) на подрачјето на НП.Пелистер беше спроведено преку примена на методата на фотозамки. Методата на фотозамки е најчесто користена метода за проучување и мониторинг на таинствени и ретки видови животни ширум светот. Осовено е значајна за проучување на крупните месојади кои се територијални видови, заземаат огромни територии и чии популации имаат мали густини. Претставува одлична алатка за утврдување на присуството на одреден вид.
Мониторинг активностите во НП.Пелистер се спроведуваат со вкупно 21 фотозамка, поставена на различно локации во паркот. Фотозамките беа поставени од страна на вработените од паркот. Притоа, локациите беа избрани врз база на претходни податоци за присуство на крупните месојади,конфигурацијата на теренот, достапноста на мобилна мрежа и искуството на ренџерите од паркот.
Следењето на пеперутките се одвива така што:
1. Ставање мамки (5 мамки) околу инфо центарот. Во секој мамка ставете сунѓер со ацетон
(за мирисот да привлече пеперутки) и сунѓер со мешавина од квасец, пиво и кафеав
шеќер.
2. Инсталацијата се одвива од јуни до септември (најдоцна до октомври, во зависност од
временските услови).
3. Собирање пеперутки од мамки се одвива 2 до 3 пати неделно.
4. Одредувањето се врши со помош на прирачник за определување. Секоја единица се
одредува посебно, а се запишува вкупниот број на еден тип.
5. Подгответе инсектариум со големи и мали единици кои не се оштетени.
Со цел прибирање на повеќе податоци за бројноста и застапеноста на видовите во
Н.П.Пелистер се воведе мониторингот на 20 видови. Се пополнуваат и образци на терен,
кога ќе се здогледа одреден вид.
Во овој мониторинг спаѓаат видови од :
1. Reptilia
2. Amphibia
3. Aves
4. Plantae
Обрзаците се превземени од Министерство за животна средина и просторно планирање , и
Твининг проектот Натура 2000. Начин на вршење на теренска опсервација и мониторинг на
видовите и живеалиштата. Во Националниот Парк Пелистер се работат следните образци:
1. Образец за теренска опсервација на васкуларни растенија,
2. Образец за теренска опсервација на цицачи,
3. Образец за теренска опсервација на птици,
4. Образец за теренска опсервација на водоземци и влекачи,
5. Образец за теренска опсервација на без’рбетници,
Видови за мониторинг :
1. Lucanus cervus
2. Cerambyx cerdo
3. Cucujuscinnaberinus
4. Rosalia alpina
5. Morimus funereus
Обично препорачаниот број на прозорец- стапици во шума е помеѓу 4 и 8. Доколку има
повеќе видови на шуми во истражуваното подрачје, треба да се лоцираат еднаков број
стапици во секоја од нив. Ова обезбедува основни податоци за најчестите видови, но
само мал дел од ретките видови може случајно да се најдат.
Прозорец – стапиците се прават со инка над која се ставаат две пластични парчиња –
“прозорци” од 40X40 cm кои се вкрстуваат.
За прв пат оваа година се воведе овој тип на мониторинг во НП.Пелистер, со цел да се виде бројноста на тврдокрилци и видови во стари хабитатни дрвја.