АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.
Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.
Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.
Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.
Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“, Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.