2win800x200

Поранешната градоначалничка Петровска го брани ставот на СДСМ за реконструкција на „Парк“ наместо одобрените велосипедски патеки

Септември 18, 2023

Поранешната градоначалничка на Битола Наташа Петровска, денеска преку Фејсбук статус застана во одбарана на ставот на советничката група на СДСМ за реконструкција на објектот „Парк“ наспроти одбрената пренамена на средствата за реализација на велосипедски патеки во Битола. 

Петровска фејсбук статусот го објавува пред средбата на евроамбасадорот Дејвид Гир со битолските советниците за што  медиумите претходно добија потврда од Европската делегација дека ќе се разговара и на темата за пренамената на средствата од проектот за изградба на велоинфраструктура. 

Во продолжение ви го пренесуваме ставот на Петровска пренесен на Фејсбук 

„Споменичната целина на Офицерски Дом е едно од најзначајните обележја на нашиот град. Се’ што требаше да се направи за да се постигне тоа со прецизен одговор на прашањата ШТО, КОГА, КАКО не е цел на овој мој статус. За тоа треба една цела книга. Но она што сакам да нагласам е дека, покрај парите од европските фондови општината за реконструкција на Офицерски Дом и ставање во употреба на истиот издвои 400 000 евра од сопствениот буџет и тоа беа пари што апсолутно никој нема право да ги обезвреднува и заобиколува како непостоечки. Она што ме загрижува се последните збиднувања што се поврзани со таа целина. Имено, Офицерски Дом заедно со објектот Парк и целиот тој простор се споменична целина. Тоа значи дека објектот Парк согласно закон не може да се руши. Ако не се реконстуира која е намерата во овие околности? Дали тоа значи дека ќе биди оставен како руинирано здание кое не доликува на целиот комплекс? Дополнително, имајќи во предвид дека за целиот проект имаше пари, ако новонастанати околности значеле повисоки суми во изведба, се запрашувам, дали тогаш требало да се дади пиоритет на хортикултурното уредување (без кое можеше да се помине) наместо на објектот парк?! Искреноста, домаќинлукот, разумот се карактеристики кои и тоа како се важни за значајни одлуки.“
А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани