АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците.
Во рамките на изборот на најуспешните од областа на земјоделството за 2023 година, здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ му додели признание на СН Осигурителен Брокер АД Битола како лидер во земјоделското осигурување.На церемонија на доделување на наградите во Битола, претседателката на „Современо земјоделство“, Билјана Петровиќ му го врачи признанието на Таше Наумовски – Раководител на експозитура во Ресен и виш соработник на сектор земјоделие во СН Осигурителен Брокер АД Битола
„СН Осигурителен Брокер АД Битола останува посветен партнер на земјоделците и голем поддржувач на аграрниот сектор. Секогаш сме на страната на земјоделците, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а од клучно значење е тоа што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на штета.Поддршката од наша страна ќе продолжи и во иднина во насока на развој на модерно и современо земјоделие. Всушност во основата на нашето работење како компанија која веќе едобро препознатлив бренд во Македонија е дека секогаш сме на страната на нашите клиенти. Нашиот успех се заснова на нашето активно следење на донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање.“-изјави Наумовски.
Тој посочи дека земјоделците се се посвесни за неопходноста од осигурување во агробизнисот во функција на сигурно и конкурентно производство. „Земјоделците знаат дека земјоделското производство е како и секој друг бизнис во кој треба да се вложува за да се произведе конкурентен производ. Осигурувањето нуди сигурност на тие вложувања.“
Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците.
„Низ целата држава имаме вкупно 43 експозитури кои функционираат одлично. Како брокерско друштво она по што не препознаваат нашите осигуреници е професионалната услуга и партнерскиот однос, нудиме доверба и квалитет, присутни сме на сите земјоделски настани, па така земјоделците постојано имаат директна комуникација со нашиот тим со што имаме активен придонес во изнаоѓањето најдобри решенија за земјоделците.“-вели Наумовски.
пр објава СН Осигурителен Брокер АД Битола