Наградените ученички од Битола на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ во Рим на прием кај претседателот Стево Пендаровски.
Посетата се реализираше во неговата резиденција на Водно. Претседателот Пендаровски, на својот фб профил изјави: „Честитки до Ана Радеска за освоеното прво место во својата категорија на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ во Рим. Им честитам и на Катја Гогова и Тамара Николовски за пласманот во финалето.
Нивните медали се потврда за квалитетот којшто го поседуваат. Ги охрабрувам да продолжат да ги надградуваат своите знаења и да постигнуваат уште поголеми меѓународни успеси.“ На нашите сегашни и идни ученици им посакуваме многу успеси во иднина.