АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2024 година - Зимска приказна.
Годинава, „Зимската приказна“, на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон раздвижување на Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно – забавни содржини за сите генерации, кои ќе придонесат и за привлекување на поголем број посетители на градот.
Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“, ќе биде електронски, со доставување на апликација за учество на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Повеќе информации за повикот се достапни на веб страната на Општина Битола, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen_povik_zp23-2/.
Општината објави и повик до сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да дадат поддршка за успешност и креативен раст на идејата за предновогодишна туристичка промоција на Битола.
За таа цел, се покануваат сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да понудат културно – забавни содржини кои ќе бидат дел од „Зимска приказна“, да ја контактираат општината на телефонскиот број 047/208339 или емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
„Понудените музичко сценски содржини, концертни настапи или други креативни идеи, за да станат дел од „Зимска приказна“, потребно е да бидат во согласност со квалитативните критериуми на општината дефинирани за оваа програма, додека техничко – организационите и промотивните активности ќе бидат обврска на Општина Битола.
Партнерствата градат успешни приказни. „Зимска приказна“ е најдобрата можност, заеднички, сите активни субјекти во градот да направиме новогодишниот блесок да светне надалеку“, стои во повикот од општината до бизнис секторот.
Општина Битола