2win800x200

Илиевски-нема да прифатиме повисоки сметки за вода и канализација

Декември 20, 2023
СДСМ и коалицијата нема да дадат поддршка на барањата на Водовод и на Нискоградба за зголемување на сметките за вода и за канализација, објави  советникот Методија Илиевски од СДСМ!
 
Ги повикуваме и советниците од останатите советнички групи во Советот на Општина Битола, особено советниците од ДПМНЕ, да не гласаат за повисоки сметки за вода и канализација и да ги стават интересите на битолчани пред интересите на ДПМНЕ и на нивните директори.
За две години локална власт, ДПМНЕ за 300 посто го зголеми данокот на имот, ги поскапи сметките за ѓубретарина, го поскапи паркингот во Битола, а сега сака да ги зголеми и цената на водата за пиење и за канализација! Две години ДПМНЕ спроведува грабеж во Битола! Тоа е нивното вистинското лице! Битолчани се сведоци на нивното лицемерие! Глумат грижа за граѓаните, а сакаат да ги поскапат услугите на локалните јавни претпријатија!
Две години предупредуваме дека состојбата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи раководени од ДПМНЕ е катастрофална. Сметките на претпријатијата се во минус, вработените од истите секој месец се плашат дали ќе земат плата!
Како досега, така и во наредниот период, СДСМ ќе направи се за да го заштити интересот на граѓаните и ќе ги преземи сите мерки што ги има на располагање за да го спречи расипничкото работење на локалната власт предводена од ДПМНЕ!, објави Илиевски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани