АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се намалува на износ од 2.000 евра почнувајќи од 01.01.2024 година.
Лимитот за плаќање во кеш досега беше 3.000 евра, а од први јануари изнесува 2.000 евра.
Согласно законот, од први јануари 2025-та година граѓаните во кеш ќе може да плаќаат максимум 1.000 евра.