2win800x200

КОЊАНОВСКИ-ИЗВЕДУВАЧ КОЈ РАБОТИ ПРОЕКТИ ЗА БИТОЛА МОРА ДА ГАРАНТИРА КВАЛИТЕТНО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ

Февруари 01, 2024

Во интерес на јавноста и за информирање на советникот Чулакоски од ПОИНАКУ во врска со пишувањата за кружниот тек кај поранешната ветеринарна станица ситуацијата е следна. Од страна на општинската администрација и надзорот се константирани забелешки при изведбата на завршниот слој не само на оваа локација и на уште една и истите ќе бидат отстранети на сметка на изведувачите. Општина Битола додека јас сум градоначалник како и во минатото и во иднина сите недостатоци кои ќе бидат константирани ќе ги сносат самите изведувачи.За разлика од некои кои не знаат поинаку освен да критикуваат и да зборуваат празни зборови, без желба да превземат било каква одговорност, Општина Битола и јас како градоначалник дејствуваме отчетно, транспарентно и посветено во интерес на граѓаните, објави градоначалникот Тони Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани