2win800x200

„Засекогаш во срцата“: Традиционален концерт во чест на Тоше Проески со НУ Камерен Оркестар на Битола

Февруари 14, 2024

По барање на публиката два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојсловски Бојс

Центар за култура Битола во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола со гордост го најавуваат својот традиционален концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески. Ова е шести пат по ред, Центар за култура Битола и НУ Камерен оркестар на Битола да организираат концерт кој е посветен на Тоше и неговите безвременски песни. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, соработници на Тоше кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.

Тоше Проески, чие име е синоним за исклучителен талент и дарежливост, остави неизбришлив белег кај сите нас, а неговата музика и добрина продолжуваат да инспирираат голем број на луѓе. И по 17 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови генерации знаат за Тоше, ги знаат неговите песни, а за сето тоа се заслужни оние кои го почитуваат неговото дело и се трудат неговите песни да ги слушнат што повеќе луѓе, како што е и овој проект на Центар за култура Битола и НУ Камерен Оркестар на Битола. Влезниците за овој концерт се продаваат неверојатно брзо, што не е изненадување затоа што не постои човек кој не ги слуша песните на Тоше Проески.

На 16.02.2024 година, Центар за култура Битола и НУ Камерен оркестар на Битола ве покануваат на концертот „Засекогаш во срцата“ за сите заедно да го продолжиме делото на Тоше Проески и да уживаме во неговата музика која засекогаш ќе живее. Покрај Тоше Проески, на концертот ќе се потсетиме и на делата на Кире Костов кој ја напиша најубавата песна на Тоше Проески – Тајно Моја, и Драган Каранфиловски Бојс.

Најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов, и Драган Каранфиловски Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен Оркестар на Битола.

Засекогаш во срцата не е само концерт, туку патување низ спомените и музиката на најголемите музички таленти кои ги имаше нашето време.

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани