2win800x200

Ѓоргиевска-Војната за пратеници во СДС го направи "жртва" проектот Парк

Февруари 14, 2024

Интегреален текст од прес конференцијата на Анета Ѓоргиевска ·советник во Совет на Општина Битола

 

Проектот за реконструкција на ПАРК покажа колкави им се несогласувањата и внатрепартиските борби за пратеници во СДС.
Кога се во прашање нивните лични интереси, не постојат градот и интересите на граѓаните.
За реконструкцијата на ПАРК, иако советниците скоро цела година претходно буквално лелекаа и многу го сакаа, во Советот и на прес конференции, СДС го покажа врвното лицемерие и негрижа за поширокиог интерес на граѓаните, НЕ ГЛАСАА, на последната седница на Советот.
Војната за пратенички- овој пат, го направи жртва ПАРК, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска обезбеди каква таква поддршка, ама заради ривалството и истата желба со директорката на Центарот за куктура Маја Илиевска Андоновска сдсмовските советници очигледно избраа страна и го жртвуваа ПАРК и интересот на битолчани.
Не можеме да веруваме дека се подготвени и ова да го направат и зад ваквото негласање во Советот да се кријат нивните внатрепартиски борби за пратеници од кои штета имаат само Битолчани?
Очигледно е дека советниците на СДС во Битола застануваат зад кандидатурата за пратеник на директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевска и влегуваат во отворена војна со Бисера Костадиновска Стојчевска.
Дали со неприфаќањето на донацијата за проектот кој тие го бараа од страна на нивната Министерка Бисера Костадиновска Стојчевска, испраќааат порака до централата на СДС дека доколку повторно ја предложат Бисера за кандидат за пратеник од Битола нема да дадат поддршка?
Ваквата предизборна поделба на кланови во СДС е внатрепартиска работа, но никако не треба да биде на штета на битолчани.
Битолчани и Битола не треба да бидат жртви на нивните партиски местенки.
 
 
 
 
 
Објавено од А.Блажевска 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани