2win800x200

Концерт по повод 77 години Државно музичко училиште Битола-Офицерски дом, среда во 19 часот

Февруари 20, 2024

Државното музичко училиште од Битола со свечен концерт ќе ја одбележи 77 годишнината од постоењето. Концертот ќе се одржи утре (21 февруари) во Офицерскиот дом во Битола во 19 часот. 

Оваа година се навршуваат 77 години од постоењето на Државното музичко училиште. За таа цел, веќе втора година по ред Државното музичко училиште го прославува својот јубилеј со Свечен концерт на кој настапуваат професорите на ДМУ, со што ова веќе прераснува во традиција. На концертот ќе настапат како солисти или дел од камерни состави професорите Горјана Стојановска, Игор Милевски, Маја Божиновска, Владимир Андревски, Татјана Божиновска, Оливера Гемту, Билјана Димовска, Билјана Талевска, Спире Јовановски, Јана Четелева Белевска, Горан Трајковски, Елена Ѓоргиева, Менде Мешковски, Марија Шамоска Буџаковски, Кирил Мулоски, композиторот Вангел Мажевски и хорот по диригенската палка на Лилјана Трајковска Димевски.

Државно музичко училиште – Битола е формирано во почетокот на 1947 година со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република на Македонија и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија. Во почетокот биле формирани паралелки за основно музичко образование, а во 1962 година се формирани и пaраралелки за средно музичко образование. Голем број на завршени ученици од ова училиште се гордост за музичката култура на градот и Р. Македонија. Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, организирајќи концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други здруженија, институции, како и со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола“; „Шопенова Вечер“; Фестивал на млади пијанисти организиран од ЕПТА и многу други. Многу некогашни нивни ученици, денес се дел Македонска Опера и Балет, Македонска филхармонија, СОКОМ, наставници во основните и средните училишта, професори на ФМУ во Скопје и Штип. Некои станаа познати естрадни уметници во државата и надвор од неа, а некои се на пат да станат големи уметнички ѕвезди. Сите тие се гордост на училиштето, на сите нас. Голем е бројот на признанија што ги имаат освоено до денес нивни ученици во Македонија, низ градовите во Европа и пошироко, а секако значајно e да се спомене и доделувањето на наградата на град Битола “4 Ноември”.

 

Нема достапен опис.

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани