Прес конференција на Ивона Трифунов од СДСМ
Градоначалникот Тони Коњановски си ја вработи кумата во Водовод. Наталија Соклевска во Водовод е вработена како техничар за водоводна мрежа и приклучоци иако со отпремнина заминала од Телеком.
Виолета Ковачевиќ, член на Извршниот комитет на ДПМНЕ во Скопје, си ја вработи нејзината сестра, Јованка Димовска во Водовод, исто како и кумата на градоначалникот.
Братот на советникот Златко Лозановски од ПОДЕМ, исто така, е вработен во Водовод.
Јасно е зошто и покрај сите кривични пријави и утврдени неправилности, никој не се осмели да го разреши директорот на Водовод. Водовод е под окупација на блиски роднини на партиски функционери на ДПМНЕ и коалицијата.
Објавено од А.Б