2win800x200

Денот на ретките болести одбележан во ОУ „Коле Канински“ Битола

Февруари 29, 2024
28 февруари - Ден на ретките болести: „Замисли ист свет за сите - поддршка за ретките болести“ одбележан во ОУ „Коле Канински“ Битола. 
Во месецот со најмалку дена во годината, месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, месецот посветен на ретки болести беше повод учениците од I до IX одделение од подрачното училиште во с.Буково со наставничките Ангела Петровска, Тамара Гроздановски, Катерина Каревска, Ирена Мацевска, Симеона Павловска, Наташа Гаревска Василевска и Јованка Петровска, да го одбележат и да научат нешто плус за ретките болести.
Целта на активноста беше учениците подобро да се запознаат со Денот на ретките болести и да знаат дека секој е различен, посебен и уникатен на свој начин.
May be an image of 5 people
May be an image of 2 people and people smiling
May be an image of 9 people, people studying and text
Автор: Тамара Гроздановски
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани