2win800x200

Старицата од „Стара Болница“ е згрижена, станот полн со ѓубре засега под клуч

Април 08, 2024

Старицата од зградата во комплексот „Стара Болница“ во Битола е згрижена во институција и засега е под надзор на лекари, потврдија од Центарот за социјални работи во Битола за АПЛА.мк. 

Старицата со иницијали А М.Т  на возраст од  80 години  во петокот во драматична ситуација била поклопена со ѓубре кое период наназад го собирала во својот стан. По настанот таа беше извлечена од пожарникари и прегледена од лекар на Итната медицинска помош за  потоа ноќта пак ја мина во станот, и да преспие на самата влезна врата, според кажувањата на станари од зградата. Во саботата служби од ЦСР во Битола излегоа на терен по што старицата е згрижена во институција. 

„Постапивме во рамките на законот, наш тим излезе на терен по допрен глас и жената е згрижена. Во следниот период ќе преземиме постапки предвидени со закон во вакви случаи“, потврдија од Центарот за социјални работи за АПЛА.мк.

Во меѓувреме станот полн со отпад останува заклучен, се додека не се утврди како живеала старицата во изминатиот париод, дали некој и помагал или била оставена сама на себе. 

Ова не е прв ваков случај во Битола, и во изминатиот период речиси ист начин на живот имаа избрано и две сестри во Битола кои исто така живееја во зграда и случајот со маж кој живееше сам во стан во Нова Битола. ЦСР и тогаш се заложи и ги реши двата случаи. 

Жителите на зградата  во „Стара Болница“ каде што живееше старицата подолг период бараа помош од институциите да се реши проблемот, раскажуваат дека станот е затрупан со секаков вид на отпад и дека се шири неподнослива реа во влезот. Во исто време стравуваат да не се запали ѓубрето, па станарите не дај боже да се доведат во опасност.   

 

А.Блажевска  

   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани