2win800x200

Драган Крајовски и тимот не даваат оставки, членови на СДСМ бараат принудно раководство

Мај 21, 2024
фото фејсбук СДСМ Битола фото фејсбук СДСМ Битола

Драган Крајовски, не дава оставка од позицијата претседател на ОО на СДСМ Битола, но познавачи на состојбите во партијата, за АПЛА.мк велат дека во овој момент по изборниот дебакл, членови на ОО на СДСМ Битола бараат да има принудно раководство.Соговорниците на АПЛА.мк, остануваат познати на редакцијата. 

Ова раководство би значело мешан состав од функционери на највисоките партиски тела. Затоа во исчекување на резултатите од Конгресот на СДСМ кој е  најавен за скоро време, партијата во Битола да ја раководи тело од избрани партиски функционери со времен карактер.

Имајќи во предвид дека во Петта изборна единица ќе се прегласува на некои одредени изборни места, процесот на штабско работење продолжува. Оттука се отвора прашањето  како ќе резултира соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во пратенички места во ИЕ 5?

По прегласувањето и зависно од резултатите, се очекува претседателот Драган Крајовски, секретарот Гордана Анастасовска и организацискиот секретар Миле Велјановски да понесат одговорност за поразот кој резултираше со разлика од над 15 илјади гласа на парламентарните избори во Битола во корист на ВМРО-ДПМНЕ,  и со разлика од речиси 18 илјади гласови во корист на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти кандидатот на СДСМ .

Битола од секогаш била мерило и за резултатите на централно нивно, и во поглед на губитниците и во поглед на добитниците на изборите.

Битолчани, членови на СДСМ повикуваат на одговорност и велат дека притисокот врз раководството нема да попушти додека не ја прифатат вината за изборниот дебакл.

Драган Крајовски во изјава за АПЛА.мк веднаш по парламентарните избори кажа дека -Поразот на СДСМ е во целата држава по што треба да се направи генерална анализа. 

-Со општинската организација на СДСМ Битола управува Извршен и Надзорен одбор, без консултации со овие два органи и сите анализи оставката ќе биде многу своеволна. Чекаме насоки од централата, изјави Крајовски за АПЛА.мк.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани