2win800x200

Работилници - Справување со влијанијата од климатските промени наменети за агро секторот и производителите на храна

Мај 23, 2024

 

Еколошкото друштво БИГЛА Демир Хисар, започна со реализација на проектот:

„Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, поддржан од Министерството за локална економија- Биро за регионален развој.

Започнувајќи од 21.05. ќе се одржат шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на Општина Демир Хисар, а добредојдени се и сите останати од Пелагонискиот плански Регион.

Работилниците опфаќаат голем број на теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи.

Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.

image00002 800x600

Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.

Плаката 416x600

image00009 800x600

20240522 120440 800x600

image00008 800x600

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани