2win800x200

ООУ„Свети Кирил и Методиј“, го одбележа својот патрон празник

Мај 24, 2024
Со посебна свеченост, основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, го одбележа својот патрон празник. На настанот, директорката на училиштето, Жанета Тошевска, им додели награди и признанија за учениците кои во изминатиот период покажале посебни достигнувања од областа на природните науки и истражувачката дејност, за придонес во училишниот спорт и други области.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во својата честитка по повод патрониот празник на училиштето и големиот празник – Денот на сесловенските просветители, Браќата „Свети Кирил и Методиј“, им честита на сите наставници за нивната голема заложба и посветеност во работата со учениците, а на најмладите им порача да продолжат да напредуваат, да го надградуваат своето знаење, за да станат интелектуално силни личности кои ќе дадат сопствен влог во напредокот на својот град и својата држава.
438128549 483823167333903 5690914564557544532 n 800x533
441541899 483823350667218 7337732489706411975 n 800x533
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани