фејсбук статус на екс градоначалничката Наташа Петровска околу изборот на нов лидер и ново раководство на СДСМ.
На 30 јуни, на непосредни внатрепартиски избори СДСМ ќе избира нов претседател на партијата. Ова е одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на партијата, откако на 22 мај Димитар Ковачевски си поднесе оставка од функцијата.
„СДСМ го доживеа најтешкиот пораз од своето постоење. Многу е кратко времето во кое што треба да се оцени каде и кој грешеше. Потребно е брзо консолидирање, враќање на основните постулати на социјалдемократијата бидејќи државата е исправена пред предизвик од случувањата во регинот но и пошироко. Реформиран и стабилен СДСМ му е потребен на едно здраво и современо општество.
Не е важно дали се млади или возрасни туку способни и неспособни, авторитетни или
омразени во средината каде што живеат и работаат. Потребни се и искусни кадри но и млади со нови идеи. И едните и другите треба да бидат без ,,багаж“ од надменост, арогантност и коруптивност со што и тие лично а и партијата не би претставувале глинени гулаби на идната власт.
За единството и сплотување, не е важно кој може да победи во партијата туку кој може да победи на следните избори.