Синоќа во 22:02 часот Блок 1 на РЕК Битола е ставен во функција. Постројката е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Благодарение на натчовечките напори на вработените во комбинатот, РЕК Битола експресно го оспособи Блок и продолжува да работи со два блока. Покрај Блок 1, во погон е и Блок 3 на РЕК Битола, а Блок 2 е во ремонт.
За среќа, овојпат испадот на блокот од мрежа не предизвика поголеми оштетувања на опремата на комбинатот, што овозможи брза санација на последиците и брзо враќање во функција на постројката. Блок 1 испадна од мрежа попладнево околу 16:45 часот заради прекин во напојувањето со струја, што пак беше предизвикано од испад на далновод на МЕПСО.
Денешниот испад на блок на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО беше втор во рок од десетина дена.